Претседателот на украинскиот парламент на средба со Вселенскиот патријарх

Date:

Share post:

Претседателот на украинската Рада, (парламентот), Андреј Парубиј бил во во посета на седиштето на Вселенската патријаршија и имал средба со Патријархот Вартоломеј.

rada-i-vartolomej-4Според веста, официјално објавена од украинската Рада, Парубиј и Вартоломеј разговарале за статусот на Украинската Православна Црква, за која Парубиј бара официјално признавање од Вселенската патријарпија.

-За време на двочасовната средба двете страни, меѓу другото, разговараа и со можноста за создавање на една национална православна црква во Украина и решавање на автокефалното прашањето. Г-дин Андреј Парубиј по средбата рече дека односите меѓу Киев и Вселенската Патријаршија се многу поблиски до формирање на единствена национална православна црква во Украина, пишува во соопштението.

rada-i-vartolomej-2Украинскиот претседател на Парламентот му се заблагодарил на Вселенскиот патријарх за средбата и го поканил да ја посети Украина,  на што според соопштението Вартоломеј искажал големо восхитување за украинскиот народ и желба наскоро да допатува во Киев.

Инаку, Парубиј во јуни испрати официјално писмо до Вселенската Патријаршија, во кое бараше признавање на Автокефалниот статус на Украинската Патријаршија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here