Постот е воздржување, а не истоштување за храна

Date:

Share post:

Основа на постот е борбата со гревот преку воздржание од храна. Значи воздржание, а не истоштување на телото, затоа правилата за запазување на постот секој треба да ги усогласи со своите сили, со степенот на својата подготвеност за пост.

post-hrana-3Постот е аскетски подвиг, кој бара подготовка и постепеност. Неопходно е во посниот подвиг да се влегува постепено, етапно, почнувајќи со воздржание од мрсна храна во среда и петок во текот на целата година. Некои непромислено и нагло го започнуваат подвигот на постот, постејќи безмерно строго. Тие само го нарушуваат своето здравје, или уште полошо, од гладот стануваат нетрпеливи, раздразливи – се гневат на секого и на сѐ и постот наскоро за нив станува неподнослив. И тие го отфрлаат.

За нашето расположение кон постот да биде правилно, треба постепено да пристапуваме кон постот, внимателно и со расудување. Секој треба самиот да си определи колку му е потребно храна и пиење, притоа не многу да го намалиме количеството на храната што ја употребуваме и да се доведеме до тоа да сме исцрпени и неспособни за делување.

Тука главното правило ни го дава Самиот Господ: „Да не отежнат срцата ваши од прејадување и пијанство“. Оној којшто сака да го сочува и запази постот би требало да се посоветува со опитен духовник, добро да му ја изложи својата физичка и духовна состојба и да испроси од него благослов за исполнување на постот.

/БИГОРСКИ

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img