Постојат ли воопшто вистински пријателства? Елена Ристеска искрено во Смсла

Date:

Share post:

Смислата на пријателството во новата епизода на подкастот „Смисла“.

Во оваа епизода на „Смисла“, Отец Бобан и Сестра Ефимија разговараат со специјална гостинка – пејачката Елена Ристеска, на една длабока и многу човечка тема: пријателството.

Постојат ли навистина вистински пријатели? Како да се справиме со болката кога пријателот на кого сме му биле потпора во најтешките моменти – не е тука кога нам ни е најпотребно? Што се случува кога пријателството престанува да биде однос, а станува средство? Кога вложуваме срце, време и присуство, а за возврат добиваме тишина, дистанца или чувство дека сме искористени, заменети и заборавени?

Во разговорот се допираат прашањата: – што е и какво е вистинското пријателство, – каде е границата меѓу љубовта и користољубието, – и како да останеме човечни, отворени и верни на себе, дури и кога љубовта и грижата не ни се возвратени.

Искрен, емотивен и длабоко промислен разговор за раните што ги носат односите, но и за надежта дека вистинското пријателство сепак постои – тивко, трпеливо и вистинито.

Епизода што допира таму каде што сите сме биле барем еднаш.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img