За време на постите православните верници честопати експериментираат со разновидноста на храната со цел да создадат што повкусни посни јадења. Еве еден предлог.
300 гр. Свежи печурки (повкусно е со природни, Срндак, лисичарка, смрчка…
100 гр. Сув вргањ
Моркови, пашканат, кромид, лукче, магдонос
Доматно пире
Фиде без јајца
ПОДГОТОВКА
Во сад за готвење пропржете го кромидотисецкан на ситно со масло, додадете ги исечцканите свежи печурки да се пропржат.
Додадете вода, и зачини по вкус
Остајте да динста 10 минути.
Додадете го исецканиот на коцки зеленчук и додадете уште вода.
Остајте да се вари додека не омекне зеленчукот.
Додадете го совиот вргањ и доматното пире и продолжете да варите.
Последните 5 минути додадетет го фидето и сецкан свеж магдонос.
Добар апетит.


