Папата: Зависта и љубомората е болест

Date:

Share post:

-Грда работа е зависта. Тој став е грев кој е грд. А љубомората или зависта, расте во срцето како плевел. Расте, но не дава да растат добрите билки. Ја боли сè што ја засенува. Нема мир! Тоа е измачено, грдо срце. Води во убиство, смрт. Светото Писмо тоа јасно го кажува: Заради зависта на ѓаволот во светот влезе смртта. Оваа порака ја испратил Папата Франциск на литургијата во домот Света Марта во Ватикан.

Тој повикал луѓето да се чуваат од озборувањата и да бидат што подалеку од нив

-Ве повикувам сите да го пребарате своето срце и да видите дали во него има љубомора или завист која секогаш води во смрт и нè не прави среќни. Таа болест секогаш води до тоа на доброто на другиот да гледаме како да е против нас. Тоа е грд грев и почеток на многу злосторства – изјавил Франциск.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img