Папата Лав XIV се враќа на должностите по операцијата на белите дробови, во неделата се појави пред верниците

Date:

Share post:

Папата Лав XIV најави постепено враќање на своите обврски на чело на Католичката црква, во првото јавно појавување по операцијата на десното белодробно крило, извршена пред пет дена.

Обраќајќи им се на верниците од прозорецот на Апостолската палата во Ватикан, за време на редовната неделна молитва Ангел Господов, папата им се заблагодари на луѓето од целиот свет за молитвите и поддршката.

„Откако ја поминав оваа чувствителна фаза, сега постепено ќе продолжам со своите активности, секогаш со Божја помош и со вашите молитви“, рече Лав XIV.

Папата во вторникот беше подложен на операција при која му беше отстранет долниот лобус на десното белодробно крило. Неговото појавување во неделата, при кое самостојно застана на прозорецот и се обрати со јасен и силен глас, беше првиот јавен настап по хируршкиот зафат.

Во обраќањето тој ги повика верниците да се откажат од себичните амбиции и „без компромиси“ да му служат на Бога.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img