Отец Спасе Стефановски доби црковно признание за 65 години свештеник

Date:

Share post:

Македонската црковна заедница во Австралија изрази голема благодарност за протојереј-ставрофор Спасе Стефановски, кој одбележа исклучителен и редок јубилеј – 65 години од ракополагањето за свештеник.

Во таа чест, Австралиско-сиднејската епархија му додели благодарствена плакета, писмени честитки и подарок свет крст на сепречесниот.

Плакетата и честитките беа врачени во име на Австралиско-сиднејската епархија на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, како и во име на Македонската православна заедница за Мелбурн и Викторија, како израз на почит кон неговата улога како парохиски свештеник, духовен раководител и архиерејски заменик. Воедно, му беше предаден и подарокот – свет крст, дар од Епархискиот управен одбор, како симбол на крстоносната, пожртвувана и благословена служба што достоинствено ја носеше низ годините, велат од епархијата.

Овој свечен и благодарствен чин претставуваше видливо и јавно сведоштво за длабоката благодарност на македонскиот православен народ кон неговата долгогодишна, пожртвувана и благословена пастирска служба помеѓу Македонците во Австралија.

-Во текот на повеќе од шест децении, о. Спасе со смирение, ревност и пастирска мудрост му служеше и служи на Господа и на верниот народ, оставајќи трајна духовна и организациска трага во животот на Македонската Православна Црква, особено меѓу македонските заедници во дијаспората. Му посакуваме на о. Спасе уште многу благословени години, крепко здравје и духовна радост, а неговиот живот и служба да останат светол пример и сведоштво за верноста кон Христос и Неговата Црква, велат од епархијата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img