Вицепремиерот Бујар Османи повика проблемите кои се создадоа со Исламската верска заедница да се решат низ дијалог бидејќи, како што истакна, тоа е единствениот начин да се решат сите недоразбирања
Најдобриот начин да се надминат сите барања и предизвици што ги имаат верските заедници е преку дијалог. Тој дијалог треба да биде континуиран со државата и со владините институции но државата да биде и медиум доколку верските заедници имаат било какви барања – истакна вицепремиерот.

