
Новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ со молитва и свеќа го почна мандатот
Денеска новоизбраниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се помоли и побара мир и спокој пред иконата на мајка Богородица – Брзапослушничка во црквата свети Петнаесет Тивериополски маченици во Струмица.
-Луѓето во текот на нивниот животен пат носат многу одлуки, дел од тие одлуки некогаш знаат да бидат и погрешни, најголемиот дел се исправни. Како луѓе и како христијани треба да научиме на простување да посочуваме на грешките и истите да ги разбираме, а оние кои што грешат треба да научат да извлечат поука од грешките и истите да не ги повторуваат“ рече Мицкоски.
Тој нагласи дека потребно е помирување, толеранција и разбирање за сите останати.
-Јас одлучив денеска да го почнам мандатот како Претседател од ВМРО-ДПМНЕ од ова свето место и да се помолам пред иконата на Мајка Богородица – Брзопослушничка, да побарам спокој за себе и спокој за сите граѓани во Република Македонија, додаде Мицкоски.