На 19 мај нова синодска седница во полн состав – на дневен ред барањата за прекројување на епархиските граници

Date:

Share post:

Прашањето за функционалноста на епархиите со кои раководат владиците од поранешната ПОА, денеска не било ставено како точка на дневниот ред на сиднодската седница. Иако тројцата архијереи, Јован, Марко и Јоаким го покренале ова прашање, сепак архиепископот Стефан одлучил да нема друга точка на дневниот ред, а за ова прашање да се разговара на првата редовна седнца, во полн состав, која била закажана за 19 мај оваа година.

Информациите на Религија.мк велат дека образложението на архиепископот било дека денешната седнца е вонредна и е со една точка на дневниот ред и дека вонредните седници не можат да бидат надоплнувални со други точки, но ветил дека темата ќе се најде на дневен ред и за нејзе ќе се разговара.

Денешната седница реално е вонредна седница, бидејќи во Уставот на МПЦ-ОА, во членот 25 јасно е посочено дека синодскиот пленарен редовен состав одржува две редовни заседанија годишно во месеците мај и октомври, а по потреба одржува и вонредни заседанија. Оваа седница се одржува во март, што по Устав ја прави вонредна.

Во членот 26 пишува дека редовните заседанија на Синодот во пленарен состав, траат се до исцрпувањето на дневниот ред. Со други зборови, ако на седницата закажана за 19 мај, оваа точка се најде на дневен ред, на таа седница Синодот ќе мора и да донесе решение.

Пред извесно време митрополитот Крушевско-демирхисарски Јован изјави дека епархиите со раководат се финансиски неодржливи и дека треба да се бара ново решение. Потоа истиот став го повтори и епсикопот Делчевско-каменички Марко.

На таквите барања, жестоко се спротистави митрополитот Петар.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img