Поглаварот на Православната црква на Украина, Митрополитот Епифаниј се збогува со патријархот на Грузија Илија, посочувајќи дека „ Неговото Блаженство Илија II, католикос-патријарх на цела Грузија и предстојател на Православната црква на Грузија беше духовен водач чиј живот беше посветен на служење на Бога, Црквата и грузискиот народ.“
-Во текот на неговото повеќедецениско патријархално служение, тој беше духовен светилник за бескрајно многу верници, неуморно работеше на зацврстување на верата, зачувување на христијанските традиции и поттикнување на духовното обновување на општеството по годините на државен атеизам. Исто така е значајно што изразуваше поддршка за Украина, која доживува целосна инвазија од Русија. Патријархот Илија II беше особено значајна личност не само за Грузија, туку и за целиот православен свет. Неговото служение инспирираше многу луѓе, помагајќи им да ги надминат искушенијата и да ја сочуваат надежта, дури и за време на војни предизвикани од руските напаѓачи, напиша Епифаниј на фејсбук.

