Меѓурелигискиот дијалог треба да понуди решенија и за справување со актуелните состојби предизвикани од миграциите и бегалската криза, посебно во услови на зголемена закана од фундаментализам и тероризам, вели директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска
Меѓурелигиската конференција која втор ден се одржува во Битола има за цел да упати обединувачки пораки во тој правец. Семејството, миграциите, бегалските кризи и тероризмот како предизвици за интеркултурниот и меѓурелигискиот дијалог, како и употребата и злоупотребата на современите начини за електронска комуникација и на социјалните мрежи, беа темите на кои денеска дискутираа учесниците на вториот ден од четвртата Светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог, што се одржува во Битола.
Целиот разговор погледнете го во видеото.
/КАНАЛ5

