Петар Марков, пратеник во Собранието на Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, добил медалјон на Ерусалимската патријаршија за време на посетата на Ерусалим со македонска парламентарна делегација. Признанието лично му го врачил ерусалимскиот патријарх Теофил III.
Марков ја објави информацијата на социјалните мрежи, оценувајќи ја средбата со поглаварот на Ерусалимската патријаршија како особена чест и духовно доживување.
Во својата објава, пратеникот наведува дека медалјонот ќе го чува како драгоцен спомен од посетата на Светата земја, изразувајќи благодарност за приемот и гостопримството на патријархот Теофил III.
Марков посочува дека претставувањето на Македонија на вакви средби носи и гордост и одговорност, поврзувајќи го духовното искуство со вредностите на чесноста, грижата за ближниот, почитувањето на човечкото достоинство и служењето на луѓето.
Објавата ја завршил со порака за мир и Божји благослов за Македонија и за сите луѓе во Светата

