Љутков: Вложуваме во зачувување на Лешочкиот манастир и културното наследство

Date:

Share post:

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков и пратеникот од Тетово Александар Велјановски ја посетија манастирската црква „Св. Богородица“ во Лешочкиот манастир, каде што се во тек значајни конзерваторски проекти.

Според министерот Љутков, годинава ќе заврши конзервацијата, реставрацијата, санацијата и ревитализацијата на Стариот конак, за што се одобрени 6 милиони денари. Дополнително, се издвоени средства за конзервација и раслојување на живописот на црквата, каде што се пронајдени слоеви од 14, 17 и 19 век.

Пратеникот Велјановски истакна дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на зачувување на македонското културно и духовно наследство.

„Со овие инвестиции не само што го заштитуваме историското богатство, туку и ја јакнеме врската на идните генерации со нашето културно минато,“ изјави Велјановски.

Проектите во Лешочкиот манастир се дел од пошироката стратегија за реставрација и заштита на културните споменици низ целата земја.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Украинското прашање: Привремена егзархија на Вселенската патријаршија како можен излез

Доколку Вселенската патријаршија не интервенира навремено, ситуацијата во Украина ризикува да стане пионот во политичките игри. Без да...

Православната Црква на Украина остро го осуди Патријархот на Москва

Светиот Синод на Православната Црква на Украина (ПЦУ), на последната седницата разгледувал две главни прашања. Континуираното мешање на...

Црквата на Грција со рекордни 128 милиони евра за добротворна работа во 2024 година

Во текот на 2024 година, Црквата на Грција потроши неверојатни 128 милиони евра за хуманитарна и добротворна дејност,...

Национализмот не е христијански

Кога христијанството се појавило во Римското царство пред две илјади години, не било пречекано со одобрување ниту од...