Лешочкиот манастир беше првата дестинација на рускиот епископ Тихон во Македонија

Date:

Share post:

Викарниот епископ на рускиот патријарх Кирил, Тихон попладнево слета на Аеродромот „Александар Велики“ во Скопје. Духовниот отец на рускиот Претседател, Владимир Путин, покрај од руската амбасада, на аеродромот го пречекал и Ленин Јовановски и во текот на денешниот ден е во постојана придружба на претставници мото клубот „Ноќни волци“.

tihon-aerodromМеѓу првите места кои ги посетил бил Лешочкиот манастир, каде се поклонил и пре рускиот крст што неодамна во присуство на отец Методиј од Руската православна црква беше поставен во чест на руските монаси во Македонија.

tihon-lesok-2Епископот Тихон утре ќе патува во Охрид, каде ќе има средба и со претседателот Ѓорге Иванов и со повеќе други личности од Македонија. Предвидена е негова посета на Бигорскиот манастир, како и средба со делегација од Синодот на МПЦ, на чело со Архиепископот г.г. Стефан.

tihon-lesok-3Во вторник во НУБ. Свети Климент Охридски, деканот на Богословскиот факултет на МПЦ, професорот Ѓоко Ѓоргевски ќе ја промовира книгата чиј автор е гостинот на Руската православна црква.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img