Католиците од византиски обред го прславија Велигден – Целтралната литургија во Струмица ја служеше епископот Стојанов

Date:

Share post:

Велигден денеска го слават и Католиците од византиски обред, дел од Католичката црква во Македонија.

На празникот Воскресение Христово, Велигден, во катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица, Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх, монсињор Киро Стојанов, служеше света архиерејска Литургија, со која свечено беше прославен централниот велигденски настан во Струмичко-скопската епархија. Со епископот сослужуваа свештеници од епархијата.

На прославата ѝ претходеше Воскресна утрена во дворот на катедралната црква, проследена со процесија и со обредот на отворање на вратите на катедралата.

Во својата велигденска проповед, епископот Стојанов нагласи дека по Христовото Воскресение историјата на човештвото и историјата на спасението добиваат нова смисла, а животот на верниците се одвива во време помеѓу двете големи вистини на верата: Христовото Воскресение и Неговото повторно доаѓање во слава.

Тој потсети дека генерациите што доаѓаат ќе го наследат токму она сведоштво што денешните христијани ќе го остават зад себе. Тоа, како што истакна, претставува голема одговорност, а воедно и драгоцена можност за автентично живеење на Евангелието и за храбро сведочење на воскресната надеж во секојдневниот живот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here