Илјадници Грузијции три дена од утро до утро во редици чекаа за за се опростат со патријархот Илија, кој 50 години ја водеше Грузисксата православна црква.
Во Соборниот храм „Света Троица“ каде беше изложено неговото тело дојдоа целиот државен врв на Грузија, сите дипломати, политичари од регионот, дојде и чета на грузиската армија. Сите за последен пат се простија од својот духовен водач.
Поглаварот Илија ќе биде погребан утре, во недела, на 22 март, во Патријаршискиот храм.
Службата за односи со јавноста на Грузиската патријаршија објави дека храмот „Света Троица“ на 22 март ќе биде затворен од 02:00 до 08:00 часот, а во недела од 08:00 часот влезот ќе биде дозволен само со специјални пропусници.
-Во недела, од 08:00 часот, поради објективни околности кои не зависат од нас, влезот во храмот ќе биде можен само со специјални пропусници и ве молиме за разбирање. Литургијата ќе почне во 09:00 часот. Богослужбата ќе ја предводи местобљустителот на патријаршискиот престол, митрополитот на Сенаки и Чхороцку, Шио (Муџири), заедно со членовите на Светиот синод на Грузиската црква, објави Грузиската црква
Во 12:15 часот во храмот ќе пристигне Вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој заедно со местобљустителот, митрополитот Шио и членовите на Светиот синод ќе ја изврши опелната служба за Илија II.
Во 15:00 часот телото на патријархот Илија II, ќе биде изнесено од патријаршискиот храм ‘Света Троица’ кон патријаршискиот храм ‘Сион’, со пешачка поворка.
-Верниците кои не успеале да се простат со патријархот во храмот ќе имаат можност тоа да го направат долж трасата од храмот ‘Света Троица’ до храмот ‘Сион’, за време на погребната поворка. По трасата ќе биде организиран жив коридор, а граѓаните ќе можат да ја следат службата во живо на поставени екрани и, по желба, да оддадат почит со цвеќе. Се извинуваме и ве молиме за разбирање на постојната ситуација. Разбираме дека секој сака да се прости од Неговата Светост и Блаженство, но поради протоколот и техничките детали поврзани со погребната церемонија, не е можно да се дозволи влез на сите граѓани во храмот“, се наведува во соопштението на службата за односи со јавноста.

