Го враќа ли црковна Москва ударот? Руската Црква ќе свика Сеправославен Собор?

Date:

Share post:

Дали Руската православна црква го возвраќа ударот? Портпаролот на Московската патријаршија, Владимир Легојда во интервју за „РИА Новости“ изјавил дека Руската православна црква има намера да организира Сеправославен Собор во Москва.

Vladimir Legojda portparol na Moskovska PatrijarsijaПортпаролот на Патријаршијата во Москва оваа иницијатива ја претставил како „продолжување на подготовките за Сеправославниот собор“. Засега нема одговор која тактика ќе ја преземе Московската патријаршија, дали тоа ќе биде свикување на сосема нов Собор, со нов дневен ред и нови документи за работа, или пак тоа ќе биде нов правец на веќе со децении подготвуваниот Сеправославне собор, кој без учество на четири цркви во јуни се одржа на Крит.

Легојда изјавил дека Московската патријаршија има механизми успешно да го организира тој Собор.

-Соборот е резултат на нормалниот тек на православниот живот. И покрај сите пречки тој треба внимателно да биде подготвен. Мора да ја потврди нашата подготвеност да работиме во таа насока и да најде начин да го реализираме тоа дело. Механизмите се извесни, но требља малку да се почека, изјавил за „РИА Новости“, портпаролот на Московската Патријаршија.

Минатата недела Синодот на РПЦ одлучи да не го признае сеправославниот карактер на Соборот на Крит и да го оцени како важен, без притоа да ги официјализира и документите усвоени на него.

/РЕЛИГИЈА.МК

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img