Монасите на Бигорската Обител заедно со голем број верници ги одбележаа трогателните мигови од Велики Петок, денот на Христовото распетие.
Масовно со многу духовност, карактеристична за одбележувањето на празници во оваа монашка обител поминало и чествувањето на Велики петок монасите од Бигорски го опшуваа на следниот начин:
„Прикован е погледот и во возљубениот Старец Партениј, кој трепетно и со неизмерна татковска болка го зема и на своите плеќи го носи крстот и го положува во храмот на Претечата; и токму од таму, од пречесните рани на Распнатиот Христос, тој му ги подава расата на искушениците Захариј, Миле, Светомир и Ефрем, кои со длабока метанија пред ова спасително дрво ги упатија своите надежи во Бога, и од Него измолија благодат за до крај и непосрамено да го носат монашкиот крст. И ете, во оваа покајна атмосфера, особено силно оддекнува повикот да се задлабочиме во себеси и да ја видиме својата состојба, а потоа духовно да полетаме во длабочината на Божјата љубов. Црквата повикува да се пробудиме, да го презреме гревот во нас и да оживееме со силата на Распнатиот и Воскреснатиот“, велат монасите.
ГАЛЕРИЈА:















































