Денеска е Свети Дионисиј Ареопагит

Date:

Share post:

Верски календар: 16 Октомври

МПЦ-ОА/ Светиот свештеномаченик Дионисиј Ареопагит

sveti-dioonisij-1Се вбројува во Седумдесеттемина помали апостоли. Овој прекрасен маж беше од угледно нензабожечко семејство од Атина. Откако заврши фиолсофска школа во Атина, отиде во Мисир за да учи уште. Во тоа време еден ден на Крстот издивна Господ Исус Христос и сонцето се помрачи и во Мисир беше темно три часа. Тогаш Дионисиј возвикна: „Или Бог, Создателот на светот страда или овој свет завршува.“ Кога се врати во Атина се ожени со Дамара и со неа имаше синови. Беше член на највисокиот суд кај Грците, наречен Ареопаг, заради што и го доби називот Ареопагит. Кога апостолот Павле го проповедаше Евангелието во Атина, Дионисиј со целиот свој дом се крсти. Од Павле беше посветен за епископ Атински, бидејќи ги остави жената и децата и положбата во општеството заради љубовта Христова. Доволно долго патуваше со Павле и ги запозна останатите Христови апостоли. Отиде во Ерусалим со цел да Ја види Пресвета Богородица и средбата со Неа ја опиша во едно од своите дела. Беше и на погребот на Пречистата заедно со другите апостоли. Кога неговиот учител Св. Павле пострада маченички, Дионисиј посака и за себе таква смрт. И отиде да го проповеда Евангелието меѓу варварите во Галија, заедно со презвитерот Рустик и ѓаконот Елефтериј. Многу претрпе, но и многу успеа. За неговиот труд многумина незнабожци се обратија кон верата Христова. Во Париз Дионисиј изгради малечка црквичка во којашто Му служеше служба на Бога. Кога имаше деведесет години, го фатија и го мачеа за Христа, заедно со Рустик и Елефтериј, додека најпосле не ги убија со меч сите тројца. Отсечената глава на Свети Дионисиј отскокна на големо растојание и падна пред една христијанка Катула, којашто заедно со неа чесно го погреба и телото. Тој пострада во времето на Дометијан во 96 година. Напиша значајни дела: за таинственото богословие, за небесната и црковната хиерархија, за Пресвета Богородица.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

Балканот повторно се наоѓа на крстосница меѓу вистината и манипулацијата, демократијата и авторитаризмот. Како што се приближуват изборите...

Најдолгото гласачко ливче половина метар

Најдолгото гласачко ливче на овие избори е половина метар, откри директорот на печатницата „Киро Дандаро“, каде се печатеше...

ДИК: Одобрени уште осум барања за акредитации за набљудување на изборите, прифатени три приговори од гласачи

Државната изборна комисија денеска прифати уште три од вкупно четири пристигнати приговори од гласачи. Прифатени се два приговори...

Народниот правобранител отвора бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниoт правобранител во недела (19 октомври) на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните...