Делчевско-каменичката епархија со свој интернет сајт

Date:

Share post:

Делчевско-каменичката епархија доби своја интернет страница. Од неодамна функционира http:www.dkeparhija.eu.mk, како интернет сајт на епархијата каде се споделуваат информации за активностите на надлежниот епископ Марко.

Делчевско-каменичката епархија — една од 15-те епархии на Македонската православна црква. Формирана е со одлука на синодот во 2023 година и за нејзино седиште е избран градот Делчево, како дел од процесот за интеграција на Православната Охридска Архиепископија. За архијереј е избран епископот Марко Делчевско-каменички, поранешен епископ на ПОА. Ова архијерејско намесништво ги опфаќа градовите Делчево и Македонска Каменица, заедно со селата во Пијанец.

До 2023 година епархијата била дел од Брегалничката епархија како архијерејско намесништво.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here