По повод празникот Сава, упатувам честитка до српската заедница во Македонија, од почит кон луѓето, но и со јасна историска линија што нема да ја релативизирам.
За македонскиот народ, Сава не е духовен симбол, ниту пак може да биде, поради неговата директна улога во разорувањето на канонската јурисдикција на Охридската архиепископија, најстарата и најзначајна црковна институција на Балканот, наследничка на Јустинијана Прва. Тоа не е „различна интерпретација“, туку историски факт.
Охрид не бил периферија. Охрид бил центар.
И се што било одземено од него, било одземено со политика, не со светост.
Но, историјата не ја користам како алатка за омраза, туку како граница на вистината.
Затоа, минатото го именуваме точно, а кон иднината одиме свесно.
Денес, во Македонија, нема потреба од духовен империјализам, најмалку од наметнати култови, туку од меѓусебно признавање, јасни линии и почит кон историските факти.
Соживот – да. Заборав – не.
Почит – да, но не по цена на вистината.
Иднината е можна само ако секој си го носи својот идентитет, без да го гази туѓиот.
Но исто така е факт дека иднината не се гради со историски инат, туку со зрелост.
Ние сме зрели политичари, за зрели одлуки!
Пишува: Петар Богојески – Претседател на Македонски Концепт (Фејсбук статус)

