Бигорски го пречека Епископот Партениј: Добредојде дома, Владико свети!

Date:

Share post:

Бигорската Обител организираше пречек на Отец Партениј во манастирот Бигорски по неговата хиротонија за Епископ Антаниски во црквата Света Софија во Охрид во неделата на Петровден.

-Силниот восклик: „Достоен“, што одекна во бигорскиот храм, му го даде на Старецот одговорот на нашите души, поставени пред новиот духовен предизвик што Бог го исправи на неговиот пат. А настанот го круниса подарокот на нашите добри пријатели од Србија – икона на Светите Сурдулички маченици со честички од нивните мошти. Видливо израдуван од подарокот, нашиот старец, игумен и Епископ Партениј ја искажа својата искрена надеж дека исто како што Четиридневниот Лазар воскресна од својот мрачен гроб, така и помесните православни Цркви ќе излезат од тесните гробови на национализмот во кои се затворени. Добредојде дома, Владико свети!, велат монасите од Бигорски.

Погледнете ја галеријата на Бигорски:

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img