Архиепископот за „Свети Петар и Павле“ во Ѓорче Петров

Date:

Share post:

Во храмот „Св.Петар и Павле“ во општина Ѓорче Петров денеска се одржа свечена архиерејска литургија со која чиноначелствуваше Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и свештеници од скопската епархија.

20160712_084514На 12 јули црквата го прославува споменот на апостолите Петар и Павле кои се од огромно значење за христијанството, а воедно се и основоположниците на Светата црква.

На свечената литургија, присуствувале голем број верници од општината, градоначалникот на општината Сокол Митровски, членови на општинскиот Совет и голем број претставници на стопанските субјекти од општината.

По повод големиот христијански празник вредните готвачки од Ѓаконијата при црквата подготвија и свечен ручек за гостите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img