Архиепископот Стефан отслужи помен за Грузискиот патријарх – ќе патува ли делегација на МПЦ-ОА на погребот?

Date:

Share post:

Архиепископот Стефан, во присуство на архијереи на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, денеска по синодсксата седница, отслужил помен за починатиот Грузиски патријарх Илија.

Поменот бил отслужен во соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје.

-Блаженоупокоениот Патријарх Илија речиси половина столетие беше првојерарх на древната Грузиска Црква. Благодарение на својата многуразгранета пастирска дејност, на својата исклучителна ерудиција и на верното пазење на учењето и праксата на Светата Црква, тој беше сеопшто љубен архијереј во својата земја и беше една од најпочитуваните личности во денешната Сеправославна екумена, стои во соопштението од Синодот.

Погребот на Илија ќе биде в недела на 22 март во Тбилиси. Православните цркви веќе одредија делегации кои ќе патуваат, меѓу нив ќе биде и Вселенскиот патријарх Вартоломеј.

МПЦ-ОА засега не одлучила дали нејзина делегација ќе патува на погребот. На денешната седница на таа тема не било разговарано.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img