Англиканската црква постави жена за епископ во Лондон

Date:

Share post:

Поранешната медицинска сестра Сара Мулали беше избрана за епископ на Лондон и е прва жена на таа позиција, која е една од најважните во Англиканската црква.

Мулали е 133-от епископ на главниот град на Обединетото кралство, а функцијата е трета по важност во хиерархијата на Англиканската црква по таа на Кентерберискиот епископ и на епископот на Јорк.

– За мене е голема чест – изјави 55-годишната Мулали, која е мажена и мајка на две деца.

Церемонијата за стапување на должност ќе се одржи на Нова година во лондонската катедрала „Свети Павел“.

Мулали беше ракоположена за свештеник во 2001 година, а во 2015 година стана епископ на Кредитон во југоисточна Англија. Англиканската црква дозволува жените да станат свештеници од 1994 година, но првата жена беше ракоположена за епископ во 2014 година.

Англиканската црква останува длабоко поделена по прашањето за жените духовници. Жени епископи има во Канада, САД, Австралија и Нов Зеланд, но клоновите на Англиканската црква во Африка и во другите земји во развој се уште не ракоположуваат жени за свештеници.

/либертас

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img