Дел од Чесниот Крст, дар од кнезот Лазар за Ватопед, наскоро ќе пристигне во Србија

Date:

Share post:

Дел од Чесниот Крст Господов, кој според Српската православна црква е дар од српскиот кнез Лазар за светогорскиот манастир Ватопед, наскоро треба да пристигне во Србија.

Ова било соопштено по онлајн разговорот меѓу српскиот патријарх Порфириј и игуменот на Ватопед, архимандрит Ефрем, објави Српската православна црква.

Во разговорот биле истакнати духовните, историските и современите врски меѓу српскиот народ и Света Гора, со посебен осврт на манастирот Ватопед. Соговорниците разговарале и за значењето на светата реликвија – појасот на Пресвета Богородица, кој претходно оваа година беше донесен во Белград.

Разговорот меѓу патријархот Порфириј и игуменот Ефрем бил пренесуван во живо преку официјалните интернет-канали и профили на Српската православна црква, како и преку медиумските платформи на Радио-телевизија „Слово љубве“.

Засега не се соопштени конкретниот датум на пристигнувањето на делот од Чесниот Крст во Србија, ниту деталите за неговото претстојно изложување или поклонување на верниците.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img