Делегација на Грузиската црква во Константинопол за јубилејот на Вартоломеј

Date:

Share post:

Делегација на Грузиската православна црква пристигна во Константинопол за учествува во одбележувањето на 35-годишнината од востоличувањето на вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Посетата се реализира со благослов на грузискиот католикос-патријарх Шио III, кој е архиепископ на Мцхета и Тбилиси и митрополит на Бичвинта и Цхум-Абхазија.

Во составот на делегацијата се митрополитот Теодор (Чуадзе) од Ахалцихе и Тао-Кларџети, хорепископ на католикос-патријархот; митрополитот Герасим (Шарашенидзе) од Зугдиди и Цаиши, раководител на Одделот за надворешни работи на Грузиската патријаршија; и протопрезвитерот Георги Звијададзе.

За време на посетата на Вселенската патријаршија, грузиските црковни претставници се сретнале со патријархот Вартоломеј и му ги пренеле честитките по повод 35-годишнината од неговото востоличување.

Тие му предале и честитка од католикос-патријархот Шио III, со која Грузиската православна црква ги упатила своите добри желби до вселенскиот патријарх по повод јубилејот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img