Митрополитот европски Пимен на 23 и 24 октомври ќе престојува во македонската православна црковна општина „Преподобна Параскева – Света Петка“ во Осло, Норвешка, каде што ќе се одржат духовна трибина и празнични богослужби по повод патрониот празник на општината.
Посетата е поврзана и со одбележувањето на третиот јубилеј од постоењето и духовното делување на црковната општина во Норвешка.
Денеска со почеток во 18 часот, ќе се одржи духовна трибина со митрополитот Пимен. Верниците ќе имаат можност да го проследат неговото слово и да поставуваат прашања за верата и христијанскиот живот.
Празничната програма ќе продолжи в сабота, на 24 октомври, со вечерна богослужба со која ќе чиноначалствува митрополитот Пимен. Богослужбата ќе започне во 17 часот, а по неа е предвидена заедничка празнична вечера за присутните.
Настаните се организираат во рамките на одбележувањето на празникот на Преподобната маченичка Параскева – Света Петка, заштитничка на црковната општина, и се можност за молитвено заедништво на македонските православни верници во Норвешка.

