Радев: Православната вера ги издигнува моралните вредности и го обединува општеството

Date:

Share post:

„Православната вера ги издигнува моралните вредности и го обединува нашето општество во свет на поделби и спротивставувања“, изјави бугарскиот премиер Румен Радев на средбата со Вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој престојува во посета на Бугарија.

Радев посочи дека во време на искушенија е важно општеството да се враќа кон своите духовни корени, луѓето да бидат посмирени и поотворени едни кон други. Тој изрази уверување дека посетата на Вартоломеј ќе даде нов поттик на односите меѓу Бугарската православна црква и Вселенската патријаршија, но и ќе биде поткрепа за илјадници верници.

„Ги цениме Вашите напори да бидете глас на разумот и мудроста и да повикувате на мир“, му се обратил Радев на Вселенскиот патријарх.

На средбата присуствувал и бугарскиот патријарх Даниил, како и вицепремиерот Иво Христов, духовници од Вселенската патријаршија и архиереи на Бугарската православна црква.

Според Радев, културниот дијалог, верата и одговорноста на државните институции се цврста основа за градење подобра иднина за следните генерации.

Во разговорот била нагласена и важноста на соработката меѓу Бугарската православна црква и Вселенската патријаршија за доброто на Православието. Вартоломеј му посакал успех на Радев и на бугарската влада во нивните напори за доброто на бугарскиот народ, а упатил и покана до премиерот да ја посети Вселенската патријаршија.

Радев му се заблагодарил на Вартоломеј за благословот што го дал за историскиот чин на добрососедство меѓу Бугарија и Грција, во чии рамки посмртните останки на цар Самоил се вратија во Бугарија.

„Покажавме дека две држави можат да ги остават зад себе противречностите од минатото и да се претворат во стратешка оска на просперитетот на Балканот“, изјавил бугарскиот премиер.

На средбата Радев му честитал на Вартоломеј и за 35-годишнината од неговото устоличување на чело на Вселенската патријаршија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img