Свештеник загина за време на богослужба во Еквадор, врз него падна голем дрвен крст (Вознемирувачко видео)

Date:

Share post:

Католички свештеник загина во саботата за време на света литургија во црква во Гвајакил, Еквадор, откако голем дрвен крст поставен зад олтарот се откачил од ѕидот и паднал врз него. Несреќата се случила за време на богослужба што се пренесувала во живо на интернет, пред присутните верници и гледачите на преносот.

Станува збор за отец Патрисио Алфредо Санчес Молинари, парохиски свештеник во црквата „Пресвета Богородица од вечната помош“, во Гвајакил.

Според објавените информации, тешкиот дрвен крст ненадејно се откачил од ѕидот зад олтарот и паднал врз главата на свештеникот, притискајќи го кон говорницата. Тој исчезнал од кадарот на камерата, додека преносот продолжил, а верниците повикале помош и брза медицинска интервенција. Подоцна била потврдена неговата смрт.

Надбискупијата на Гвајакил во неделата ја потврди смртта на отец Молинари, објавувајќи порака во која се прости од свештеникот што служел во парохијата во рамките на Централниот викаријат.

„Соопштуваме дека нашиот сакан отец Патрисио Алфредо Санчес Молинари, кој служеше како парохиски свештеник во црквата ‘Пресвета Богородица од вечната помош’ во Централниот викаријат, замина во домот на Отецот, за да се радува во Неговото присуство и слава“, се наведува во соопштението.

Надбискупијата упати молитва за упокојување на свештеникот, со молба вечната светлина да го осветлува.

Отец Молинари припаѓал на редот на редемптористите, познат како Конгрегација на Пресветиот Искупител, католички монашки ред основан во 1732 година, кој дејствува во околу 80 земји во светот.

Околностите што довеле до трагичната несреќа засега не се разјаснети. Нема потврдени информации зошто крстот се откачил од ѕидот, ниту дали причината е поврзана со неговото прицврстување или со конструкцијата на црковниот објект.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img