Свештеник на МПЦ-ОА му порача на премиерот да си го смени името од Христијан во Бајрам

Date:

Share post:

Стеван Здравевски, свештеник на МПЦ-ОА од Преспанско-пелагониската епархија му порача на премиерот Хрисијан Мицкоски да си го смени името во Бајрам.

– Подобро наречи се бајрам поубо ќе ти личи! – Ова Здравевски го напиша во коментар на пост објавен од Премиерот на Фејсбук, а кој се однесува Ифтарската вечера организирана од Владата.

-„Не можете да им служите на двајца господари, оти едниот ќе ве намрази а другиот возљуби!” На кој Господ му служиш на Христос или на алах. Не само што ја валкаш верата православна Христијанска, туку и името што го носиш! Подобро наречи се бајрам поубо ќе ти личи! Бог нека ти прости!, напиша Здрвавески во коментар.

Коментарот сам по себе содржи елементи кои поттикнуваат меѓуверска нетрпеливост, особено што доаѓаат од официјален претставник на МПЦ-ОА. На истот Ифтар организиаран од Владата е и Архиепископот Стефан, што може да се види и од фотографиите. Логичното прашање кое се поставува е дали „православната вера ја валка“ и самиот архиепископ, како што напишал Здравевски за премиерот.

Земјонаучните вистини на македонскиот Геотеолог

Парадокост да биде уште поголем, Здравески, чии талибански сваќања за Христијанството не се непознати, е омилен свештеник на голем дел членови и симпатизери на партијата чиј претседател е Премиерот, а важи и за голем бранител на верата кај фејсбукопатриотите.

Свештеник на МПЦ-ОА ја нападна Владата – дигиталните реформи се влегување во стапицата на Антихрстот

Во основа, пак неговите јавни настапи уште од време на Ковид кризата предизвикуваат сериозни скандали. МПЦ-ОА еднаш се огради од неговите изјави, но никогаш не го повика на одговорност.

1 COMMENT

  1. Никому не можеш да му дадеш сведоштво за силата и убавината на својата лична духовна конфигурација (во која секако влегува и опитот на верата) со тоа што ќе го презираш, игнорираш или ненавидиш, особено ако гледаш дека е боготрагател. Љубовта е основното сведоштво на верата во Живиот Бог и не постои човек кој не реагира на богољубиво и сечовекољубиво срце, кој не е привлечен од такво срце. Мислам дека о. Стеван малку повеќе живее во книгите и како и многумина христијани на одредено духовно рамниште тежнее да ја преобразби стварноста околу себе во некои од импресивните модели што ги наоѓа во христијанското пишано наследство. Но, работите не одат така. Така ја практикувале верата своевремено и фарисеите, (обидувајќи го да го подражаваат подвигот на Мојсеј со надворешен подвиг) па и првосвештениците на Израилот кои ја побарале смртната казна за Богочовекот Христос од окупаторските римски власти. Никој од нив не бил способен ни да се приближи до откровението на Синот Човечки Кој пред нивни очи мртви воскреснувал, болни исцелувал и им давал власт на Своите ученици да чудотворат со истата сила. Зборувам за онаа точка од Неговото откровение ‘не судете за да не бидете судени’, ‘не судете и не осудувајте’, ‘со каков суд судите со таков и ќе ви се суди’ итн. Значи, овие духовни законитости (зашто Христос фактички и не давал заповеди туку откровение за егзистенцијални духовни законитости, како Оној Кој ги гледал и ги познавал, затоа и можел да ги надминува законите на ограничената човечка природа) значи тие најмалку се однесуваат на Страшниот Суд, а многу повеќе на судот кој го извршува човек над самиот себеси со секоја своја постапка, со секој свој двиг. Затоа човекот и е “ковач на својата среќа” како што со векови интуитивно препознава народот, и господар на својата слобода која може и да му донесе и да му одземе многу (во поглед на неговите цели, тежнеења итн.) во зависност од тоа колку го познава духовниот простор во кој се движи: самиот себеси и својот ближен, Бог. А спознајна моќ има само љубовта. Презирот ја нема. Насилството ја нема. Гордоста ја нема. Освен тоа, знаеме дека во љубовта страв нема, совршената љубов го изгонува стравот (1 Јован 4, 18). Предизвик е можеби и за Премиерот и за Архиепископот да присуствуваат на празнична вечера со која наши друговерни сограѓани го завршуваат својот пост; поинаков амбиент, поинаква традиција, соочување со непознатото за кое човек можеби приватно и не е љубопитен. Но, зарем нема нешто драгоцено во тоа што тие наши сограѓани се трудат да ги подготват своите души за средба со Бога? Зарем Бог не ни кажа дека (кога веќе ги сметаме за незнабожци) преку законот на совеста во нивните срца тие сепак имаат можност да ги исполнат заповедите Божји? Не е тешко да отфрлиш човек, тешко е да допреш до неговото срце и твојата љубов да и’ го отвори патот на благодатта Божја кон тоа срце. Без наметнување, без невкусно навредување,,вниматрлно и секако без газење на својата вера и на својот светоглед. Но таа вера треба да е жива, срцето треба да е мудро и светогледот широк и јасен, со сите присутни бои во него какви што се. Нам не ни прилега да се превознесуваме пред децата на Агара, ако нашата вера е полна. Тие со векови ја носат во себе тагата на неправедно прогонетата нивна прамајка од нашата прамајка Сара. И тие се деца Авраамови. Зар не вели Апостолот: “Што имаш што не си примил? А ако си примил, зошто се фалиш како да не си примил?” (1 Кор. 4, 8). Да бидеме благодарни за дарот на откровението за Христос како Син Божји и да не заборавиме дека Него Св. Јован Богослов Го нарече ‘вистинска Светлина којашто го осветлува секој човек кој доаѓа во светот’. Значи секој. Секако, Тој ‘во светот дојде и светот преку Него стана, но светот не Го позна. Дојде при Своите и Своите не Го примија. Но, на тие што Го примија, на сите што веруваа во Неговото Име, им даде можност да станат синови Божји, кои не од крв ни од похот машка, а од Бога се родија.” (Јован 9 – 13). Е сега, што се тоа ‘синови Божји’?
    Ги има разни. На пример, Св. Макариј Велики не се соблазни од незнабожечки жрец кого го сретна, го пофали за неговиот труд и го благослови. Жрецот се зачуди и тргна по него од љубопитност. Стана негов ученик. Св. Макариј Велики дури и живееше со своите ученици едно време во идолски храм и успеа да ги умножи таму своите и нивните плодови. Каде сте Вие, оче Стеване во таа приказна? Со Св. Макариј дури и черепот на мртов незнабожец разговараше. Зошто ли? Затоа што многу ја бранел својата вера, а ја напаѓал верата на друговерните? Па не баш. Не губел време на тоа. Туку многу го сакал секое живо создание. Знаел дека секое создание Бог го дал за да се прослави во него љубовта и великолепната, динамична, преобразувачка сила Божја. Знаел дека љубовта оживува, преобразува, исцелува, воскреснува. Да се обидеме и ние. Бездруго ќе успееме. Бог не гледа на лице, и за тао сме известени. На срцето гледа. А срцето на отец Стеван сепак е златно.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img