Римскиот Колосеум ќе светне во црвено, во знак на крвта на убиените Христијани

Date:

Share post:

Римскиот Колосеум ќе биде осветлен со црвени светла овој месец, за да го привлече вниманието на светот поради прогонот на христијаните ширум светот, а особено во Сирија и Ирак.

Во саботата, 24 февруари, во 18 часот, Колосеумот ќе светне во црвено, и на тој начин ќе ја симболизира крвта на христијаните кои биле ранети или ги загубиле своите животи поради верски прогон.

Истовремено, и во Сирија и во Ирак, значајни цркви ќе бидат осветлени со црвени светла. Во Алепо, катедралата Свети Илија, а во Мосул, црквата Св. Павле, каде што минатиот декември беше одржана и првата миса по ослободувањето на градот од ИСИС.

Настанот, е организиран од здружението „Потребна помош за Црквата“ (ACN),  и е мотивиран од извештајот за прогон на христијаните во светот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img