Зеленски го потпиша законот за забрана на Православната црква поврзана со Русија во Украина

Date:

Share post:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го потпиша законот со кој се забранува Православната црква во Украина којашто е поврзана со Московската патријаршија. Законот, усвоен од украинскиот парламент во вторникот и потпишан од претседателот Зеленски денеска – Денот на независноста на Украина од Советскиот Сојуз и две и пол години по почетокот на руската инвазија – предизвика силна реакција од Русија.

Во својот говор, претседателот Зеленски рече дека оваа одлука ќе ги зајакне суверенитетот и независноста на Украина.

„Православните Украинци денес прават чекор кон своето ослободување од демоните на Москва“, нагласи тој.

Од 2014 година, Украина се стреми да се ослободи од руското интелектуално влијание.

Овој процес беше забрзан со доделувањето на автокефалноста во 2018 година од страна на Вселенскиот патријарх Вартоломеј на Православната црква на Украина, со што таа стана независна од Москва. Стремежот за независност дополнително се интензивираше со почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, која беше отворено поддржана од Московската патријаршија.

Украинската православна црква во мај 2022 година објави дека ги прекинува сите односи со Московската патријаршија. Сепак, украинската влада смета дека оваа Црква де факто останува и понатаму зависна од Русија и покренува кривични истраги против нејзините званичници.

Според анкетата спроведена во 2023 година од страна на Меѓународниот институт за социологија во Киев, 66% од Украинците ја поддржуваат забраната за Црквата поврзана со Москва.

Згора на тоа, 54 отсто од Украинците се идентификуваат со автоклефалната Црква, а само 4 отсто со оној субјект што е поврзан со Руската патријаршија, според анкетата спроведена во 2022 година од истата организација. Минатата година овие проценти беа 42% односно 18%.

Според медиумите, Црквата поврзана со Русија сè уште контролира околу 9.000 парохии во Украина, во споредба со 8.000 до 9.000 парохии контролирани од нејзиниот ривал којшто е автокефален.

Истовремено, украинскиот претседател потпиша друг предлог-закон со кој се одобрува пристапот на Украина кон Римскиот статут, основачкиот договор на Меѓународниот кривичен суд (МКС).

Како резултат на тоа, Украина стана членка на МКС и сега очекува дека судот ќе ја повика Русија на одговорност за наводните воени злосторства извршени против неа.

Ова прашањето е особено чувствително во Украина, каде што постои загриженост дека и украинските војници вклучени во конфликтот со Русија би можеле да бидат под лупа од МКС. Мандатот на судот вклучува гонење на сторителите на геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства, што ги зголемува стравувањата за потенцијалните правни предизвици и за украинските сили.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Бугарскиот патријарх по стапките на Кирил и Порфириј – сака да заузда секакво критичко мислење во Црквата

Бугарскиот патријарх Даниил почна да ги користи методите на српската и на Руската православна црква, со цел да...

Нови можности за рекреација: Тоневски ја најави велосипедска патеката Пробиштип–Ратавица

Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип, Тони Тоневски, најави изградба на нова велосипедска патека од Пробиштип до селото...

ВИДЕО: Ѓорѓиевски со екипите на терен: Акција за чистење на најкритичните локации во градот

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, утрово ја продолжи акцијата за чистење на главниот град, заедно...

Вартоломеј во Букурешт – пораката испратена кон Москва

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј пристигна во Букурешт за осветување на најголемиот православен храм во светот, Националната катедрала на Букурешт. Тој...