Заедно за поддршка на семејните вредности – прва трибина меѓу христијани и муслимани во Дебар

Date:

Share post:

„Семејството: стожер на љубовта и општествениот развој“,  е тематската трибина, што за прв пат ќе се одржи во Дебар, на 9 ноември 2024 година, во Центарот за култура во Дебар.

Трибината е прва од серијата настани, кои ќе се реализираат од страна на Здружението за заштита и негување на културните вредности „Рајчица“, во соработка со општина Дебар, во рамки на проектот за поддршка на соживотот во регионот.

Во дискусијата, со благослов на Игуменот на Бигорска Обител, Епископот Антаниски Партениј, ќе  учествуваат архимандритот Кирил и монахињата Ефимија, заедно со Сумеа Рамадани и Орхан Зенго.

Ова е прва ваква иницијатива која ги обединува верниците од двете најголеми верски заедници, а е посветена на традиоционалните вредности на семејството. Интерсот е голем, со оглед на тоа што лица од православната црква и исламската заедница ќе ги споделат своите учења во поглед на важоста за поддршката на традиционалното семејство во современ контекст.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...