За совеста на клирот

Date:

Share post:

„Никој не крпи стара облека со нова крпа; инаку, новозашиената крпа ќе се отшие од старото, и отворот ќе биде уште поголем.

Никој не става ново вино во стари мевови; инаку, новото вино ќе ги расцепи мевовите и виното ќе истече, а и мевовите ќе се упропастат; туку ново вино треба да се става во нови мевови“.

Никој не може да го очисти своето духовно срце од страстите без да го стави својот ум во процес на исцеление, т.е. без послушание кон духовен отец, кон Црквата; таквиот не може да биде и ѓакон.

Никој не може да го добие дарот на умно-срдечната молитва без да го очисти своето срце од страстите; таквиот не може да биде и презвитер.

И никој нема да ја види несоздадената Божја светлина, без да ги љуби и своите непријатели; таквиот не може да биде и Епископ.

А кога се случува ракополагање без исполнување на, од Бог, предвидените услови, т.е. без внатрешно духовно покритие за свештениот чин што се прима, тоа се случува само со помош на вонредната Божја благодат и интервенција за опстој на Црквата, но затоа никој од таквите не смее да си помисли дека е нешто посебен, туку е нужно и дополнително да се смирува, а во свое време треба и благовремено да се тргне од позицијата што ја држи неправедно; и по можност, преостанатиот живот да го помине во манастир; ако сака да се спаси.“

Пишува: Струмички Наум

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...