Воведенски размислувања

Date:

Share post:

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.

Догматиката е многу јасна: обожението на човековата природа во Синот Божји – Богочовекот Исус Христос, е основа на обожението на секој човек кој тоа го сака, во Црквата како Тело Негово – со учество во нејзините свети Тајни и Добродетели. Иако велиме дека во процесот на преображението и обожението нашата и Божјата природа заемно се проникнуваат, ние сепак знаеме дека проникнувањето бива од страна на Бог, Кој со Своите несоздадени енергии (благодат) ја проникнува и обожува човечката природа. Затоа Бог е единствениот наш Спасител и никој друг. Човек не може да спаси човек.

Во Догматиката нема ништо нејасно. Проблемот е во нејзиното разбирање на различен начин. Некој ја чита со затемнет ум (неверниот), некој со помисла дека има просветлен ум – иако нема умно-срдечна молитва (опрелестениот), некој со ум чија енергија е доволно очистена (оној што правилно го чисти срцето од страстите, во послушание), некој со доволно просветлена суштина и енергија на умот (просветлениот, кој е носител на дарот на аскетската умно-срдечна молитва), а некој со својот обожен ум.

Значи, нема никаков проблем во Догматиката на Црквата. Проблем е што луѓето заглавуваат во неправилното разбирање и во неправилниот подвиг да ја надминат поделбата меѓу Несоздаденото и создаденото, и тука остануваат заглавени. Не сфаќаат дека таа поделба е надмината со воплотувањето на Синот Божји и дека ние ја добиваме на дар преку правилниот подвиг во кој се случува нов личносен однос и дијалог помеѓу Бог и човекот, кој воопшто не е едностран – и човекот Го слуша Бог, но и Бог го слуша човекот. Секако, за ова да се сфати треба да се има жив опит од вистински личносен однос и со Бог и со ближниот.

Од воплотувањето на Синот Божји од Светиот Дух и Дева Марија па натаму, нашиот однос со Бог не го дефинира тоа што Тој е несоздаден Бог, а ние создадени луѓе, туку го дефинира фактот дека Тој е нашиот Небесен Отец, а ние сме Негови чеда и браќа на Богочовекот Христос – по благодат. Така и односот помеѓу Христос и Богородица не ги дефиниратоа што Тој е Бог, а Таа човек, туку тоа што Таа е Негова Мајка, а Тој Нејзин Син. Христос може да биде стопати Бог, а Марија може да е стопати обичен човек, и тоа сега нам веќе не ни е битно. Но, суштински ни е битно што Таа Му е Мајка, а Христос Нејзин Син, и што  ние сме Негови браќа и Нејзини чеда по благодат; како и фактот што Мајката се почитува и слуша исто колку и Отецот.

Затоа, кога велиме „Пресвета Богородице, спаси нѐ“, ние не мислиме дека Таа нѐ спасува од Себе, поради Нејзината совршено обожена природа или затоа што Таа е некаква Божица, туку поради Нејзината позиција – како Божја Мајка, Која има Син што Ѝ е послушен; поради Нејзиниот однос кон Бог и поради односот на Бог кон Неа.

naum-malaНо, зошто дури и во ваква беседа ја спомнувам умно-срдечната молитва? Затоа што ако ја имавме, ќе знаевме дека таа е Нејзино откровение и дар – кој од Нејзе се измолува, а тајната на новите личносни односи, која ја надминува поделбата меѓу Несоздаденото и создаденото, ќе ни беше јасно откриена.

Пресвета Богородице, спаси нѐ!

Пишува: Митрополит Струмички Наум

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...