Во присуство на српскиот патријарх, Стефанида Скадарска прогласена за Светителка во Битола

Date:

Share post:

Со објавување на одлуката на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква- Охридска Архиепископија и одржување на свечена утрена литургија во Соборниот храм на „Св. Великомаченик Димитриј” во присуство на српскиот патријарх Порфирие, денеска во Битола се одржа впишување на преподобномаченичката Стефанида, Битолско -Скадараска во списокот на Светите.

Литургијата ја служеа Архиепископот Стефан и Патријархот Порфириј, а сослужуваа Митрополитот Петар, Митрополитот Јован, Митрополитот Пимен, Митрополитот Јосиф Митрополитот Григориј, епископите Јоаким и Марко, Климент, Јаков, Давид, Никола, како и пензионираниот Митрополит Јосиф од МПЦ-ОА. Од страна на СПЦ сослужуваа Зворничко-тузлански Фотиј, Црногорско-приморски Јоаникиј, Рашко-призренски Теодосиј, Британско-ирски Нектариј, Хвостански Алексеј, Новобрдски Иларион, Топлички Петар. На сослужувањето учествуваше и владика на Црквата на Чешка и Словачка, Михаловско-кошички Георгиј.

Инаку, прославата за впишување на преподобномаченичката Стефанида Битолско-Скадарска во списокот на Светите започна вчеравечер со одржување на вечерна богослужба во манастирската црква „Св. Јован Претеча” во селото Слепче Демир Хисар, каде се одржа и последен Парастос за Светителката.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img