Во Мелбурн спречен терористички напад планиран за Божик

Date:

Share post:

Уапсените планирале да нападнат прометна локација како што се железничката станица во Мелбурн, плоштадот на Федерацијата или катедралата Свети Павле, изјавил началникот на полицијата во австралиската држава Викторија, Грем Ештон.

melburneТој прецизирал дека уапсените биле инспирирани од пропагандата на терористичката организација Исламска држава и дека „самите се радикализирале“. Лицата биле набљудувани од полицијата веќе некое време, рекол Ештон и додал дека за време на претресите биле пронајдени материјали за правење на импровизирани експлозивни направи.

„Сигурно постоел потенцијал за извесен број на луѓе да бидат повредени или убиени во овој напад“, рекол Ештон. Премиерот на Викторија, Даниел Ендрјус најавил дека на улиците на Мелбурн за Божик ќе бидат распоредени дополнителни полициски единици, со цел граѓаните да се чувствуваат побезбедно

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here