Тетовско-гостиварската епархија одбележа 173 години од смртта на преродбеникот Кирил Пејчиновиќ, игумен на Лешочкиот Манастир.
Помен за Пејчиновиќ отслужија надлежниот митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение сослужение на митрополитите Европски г. Пимен и Кумановско-Осоговски г. Јосиф.
На овој настан присуствуваше и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, голем почитувач на делото на Кирил Пејчиновиќ.
