Внимавајте каква фарба за јајца купувате – погледнете кои од нив се безбедни

Date:

Share post:

Фарбите за јајца за Велигден би требало да се купуваат само на места кои се проверени, бидејќи многу често состојките и хемикалиите кои ги имаат може да бидат дури и отровни, па неопходно е да знаеме каква фарба купуваме за најголемиот празник, бидејќи од тоа зависи нашето здравје и здравјето на нашите најблиски.

За купувачот да биде сигурен дека купил прехрамбена, а не техничка боја која се користи за фарбање ѕидови, на декларацијата мора да биде отштампана декларација од 100 до 180.

Прехрамбените бои се пречистени и затоа и чинат поскапо. Имаат ист состав со техничките, со една разлика, тие имаат микрокомпоненти со тешки метали затоа што не се преработени, а тие пак се штетни за здравјето.

Ознаката Е од 100 до 180 значи дека бојата е исправна и здрава. Тоа значи дека продавачот ја гарантира и бојата и јајцето.

/PRESS24.MK

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here