Почетна Вести Регион Ослободен имамот Красниќи, обвинет за поттикнување тероризам
Ослободен имамот Красниќи, обвинет за поттикнување тероризам

Ослободен имамот Красниќи, обвинет за поттикнување тероризам

47
0

Познатиот косовски имам Шефкет Красниќи денеска беше ослободен од обвинението дека охрабрувал Косовци да се приклучат кон радикалните исламски групи во Сирија и во Ирак.

Красниќи, имам на Големата џамија во Приштина, беше уапсен во 2014 година. Тој беше обвинет за поттикнување на тероризам поради насочување на млади лица да заминат во Сирија и во Ирак, поттикнувајќи омраза и неплаќање на данок.

Околу 300 Косовци заминаа во Сирија и во Ирак од 2012 година до денес, за да се борат на страната на Исламска држава. Околу 70 беа убиени, но многумина, меѓу кои жени и деца, се уште се таму.

– Јас бев убеден од првиот ден дека се ќе заврши така како што се случи денеска – изјави Красничи за медиумите по изречувањето на пресудата.

Меѓународните и локалните агенции за безбедност предупредуваа во минатото за ризикот од враќање на борците. Во 2015 година Косово донесе закон, со кој е казниво учество во странски конфликт, со казна затвор од 15 години.

Населението во Косово е 90 проценти муслиманско, но луѓето се претежно секуларно настроени. На територијата на Косово не бил регистриран ниту еден исламистички напад, но во јуни 2017 година, деветмина Косовци беа обвинети за планирање на напад на фудбалскиот натпревар во Албанија против репрезентацијата на Израел и нејзините фанови во ноември 2016 година.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *