Власта и опозицијата на велигденски јајца кај Архиепископот Стефан

Date:

Share post:

Претставници на власта и на опозицијата, кои беа на велигденската литургија во Соборниот храм, Свети Климент Охридски, биле гости кај Архиепископот Стефан во Архиепископијата.

Поглаварот на МПЦ-ОА им подарил велигднески јајца, а традиционално потоа го запазиле обичајот на кришње на велигденските јајца.

На неформалната средба кај Архиепископот биле, Вицепремиерката Славица Грковска, министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски, градоначалничката на град Скопје Данела Арсова, дополнителниот заменик министер за финансии Елена Петрова, дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација Стефан Андоновски и поранешниот заменик-министер за информатичко општество и администрација  Александар Бајдевски.

-Пасхалната средба помина во пријатна, празнична атмосфера, велат од Кабинетот на Архиепископот Стефан.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img