Владиката Петар ракоположи уште еден свештеник во Австралија

Date:

Share post:

Јане Митев од Канбера е новиот свештеник на Македонската православна црква во Австралија. Тој ќе служи во црквите кои се дел од епархијата на Владиката г Петар. Токму Владиката Петар празникот „Успение на пресвета Богородица“, во Соборниот Храм, посветен на „Раѓање на Пресвета Богородица“ во Мелбурн, го ракоположи во ѓаконски , а веднаш другиот ден на празникот „Свети Јоаким Осоговски“ и во свештенички чин, во сослужение на сите свештеници од цела Австралија.

По заклетвата од страна на новиот свештеник, Митрополитот г. Петар пред сите верници зборувал за големиот позив на свештеникот и за одговорноста за самиот чин, како треба свештеникот да се грижи за своите доверени чеда.

-Сето тоа претставува дар на Духот Свет. Како и сè друго во Црквата, и овој дар исходи од Евхаристијата, и поради тоа ракополагањето се врши во склоп на Литургијата. Епископот, во својство на управител со Црквата во едно место, окружен со свештениците, во присуство на заедницата, ги полага своите раце врз кандидатот и му предава власт да извршува свештеничка служба, порачал Владиката Петар

-Овој ден ќе се запише како историски момент во Австралиската-новозеландска Епархија, и воопшто во МПЦ, со што се покажува дека и покрај големите перипетии и искушенија, духовниот и литургискиот живот на овој континент функционира беспрекорно, велат верниците.

ГАЛЕРИЈА:

 

6 COMMENTS

  1. kaj mu se monasite? za sveshtenici se znae, edeni raschinuva shto nemozhi da gi manipulira pa drugi nevini dushichi zema.. jabe mu e sve..
    starite rekle: Na lagata kratki mu se nozete, pa taka I vo ovie sliki shto glumat religiskata mafija!

  2. Уште едно жртвано јагне си нашол Владиката.Ако бидеш јагне бргу ќе те потстрижи (расчини) Администраторот а ако бидеш волк ќе јадеш (сведочиш лажно и сл) долго овци

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Романскиот Патријарх: Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I претставува силно сведоштво за единството на Православието

Во говор по повод осветувањето на надворешната фасада и мозаиците на Катедралата Народно Спасение во Букурешт, Даниел, Патријархот...

Орбан на средба со Папата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на денешта приватна аудиенција во Ватикан побара од папата Лав Четиринаесетти да ги поддржи...

Скандинавските цркви во поддршка на Украина и правата на децата

Северноевропските црковни водачи упатија силен апел за враќање на украинските деца насилно однесени во Русија и одобрија финансиска...

Д-р Трајановски со план за Аеродром: чиста, безбедна и достоинствена општина

Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ, ја претстави својата програма како план за „современа...