Митрополитот Петар ги нарече наркомани, пијаници и арамии, верниците кои деновиве бараа епскопот Партениј да биде дел од процесот на избор на нов митрополит во Охрид.
Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, во проповед по литургија, пред олтарот, не ги штедеше навредите и за Партениј, а особено за верниците кои него го поддржувале.
Меѓу епитетите кои им ги лепеше, беа дека биле крадци на човечки души, армии, пијаници, наркомани, кои се обидувале да ги заведуваат другите верници.
Петар сепак, задоволно констатираше дека Партениј немал верници, како што тоа го претставувал, туку само се обидувал да ги изманипулира, во негово име, една мала група да протестира.
Кочијашкиот речник на Петар не е новина во неговите јавни настапи. Новина е што во проповета од половина час, во која тој го обвинува Партениј за ерес, на моменти му се губи мислата и контролата на тоа што го кажува.
Тања Торбарина ваквата состојба би ја опишала со реченицата „Нашиот владика е луд, но бидејќи не сака да оди во лудница, тој решил лудница да направи од МПЦ“.
Членовите на Синодот со години го толерираат овој владика. „Остај го луд е.“ Еве шанса сега на 12-ти можат да решат голем проблем. Не мора Партениј да оди во Охрид, може да оди во Битола, а Петер во Богомила. Секако ако се има храброст, особен ако достоинството на поголем дел од нив не зависи од тефтерот на Петар, во кој тој педантно бележи се.
Многу пати имам коментирано: трчате по гуштер, ама ќе фатите змија …
Најверојатно од поодамна ја имате веќе фатено змијата …
Сега трчате по антиотров, ама патот кој самите си го отварате (да не речам затварате), не ви е рамен …
Дури не почнал да делува отровот, смирете се, побавно ќе делува …
Можеби нешто и ќе спасите …
Не ти е лесно, мака си имаш. Оди во Бигорски нека се помолат за тебе, ќе ти помогне, како што им помогнало на мнозина.
Од твојата проповед се виде колку си вистински христијанин, па после владика и пастир.