Стобискиот епископ Јаков е гостин на големата прослава за Голема Богордица во Дидимотихо во Грција, каде овој празник се слави и како слава на градот.
Владиката Јаков во предвечерието на празникот и во молитвено присуство на Митрополитот домаќин, ја служел вечерната богослужба во храмот „Успение на Пресвета Богородица”, а потоа учествувал во свечената литија низ градот, објави Тивериопол.мк.
На 15 август, на денот кога Грчката црква го слави Успението на Пресвета Богородица, епископот Јаков сослужувал со Митрополитот на Дидимотихо, Орестиада и Суфли Дамаскин, на чија покана практично тој е во посета на ГПЦ.




















