Владиката Григориј на партиска прослава на ВМРО-ДПМНЕ: Само смртта може да го раздвои Македонецот од името ВМРО

Date:

Share post:

Кумановско-осоговскиот митрополит г. Григориј бил гостин на партиската прослава на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за 33 години од основањето на општинскиот комитет во Куманово.

Тој зборувал од говорница пред присутните членови на партијата во пресрет на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, кога е формирана ВМРО.

Од фотографиите може да се заклучи дека г. Григориј е единствен верски претставник на овој настан.

Во дел од говор објавен на социјалните мрежи, тој зворува за ВМРО како код на Македонецот. Или, како што вели, само смртта може да го раздвои името ВМРО од Македонецот.

„Парадигма е ВМРО, бидејќи е аксиолошки постулат. Не постои дериватив, туку извор на постоење, егзистенција. ВМРО за Македонецот е неизмерлив категорички императив, неодвоив од себе. Не постои како хемиски процес, ниту научен досега постигнат метод. Освен смртта. Смртта е единствениот егзистенцијален факт кој може да го раздвои од срцето, од душата на Македонецот името ВМРО“, порачува г. Григориј.

На овие пораки од владиката Григориј следува голем аплауз од присутните.

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на својот фејсбук-профил објави фотографии од прославата и напиша дека се одбележуваат 33 години од формирањето на oпштинскиот комитет Куманово.

„Заедно да ги создаваме промените од кои зависи нашата заедничка иднина“, порача Мицкоски.

Според Уставот на РСМ, МПЦ-ОА и другите верски заедници и религиозни групи се одвоени од државата. Политичките партии, пак, се организирани со цел освојување на државната власт.

Инаку, владиката Григориј има титула митрополит Кумановски-осоговски при Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА).

Тој е дел од помладата генерација владици на МПЦ-ОА. Беше назначен за владика на Кумановско-осоговската епаргија, откако претходниот г. Јосиф поднесе оставка поради здравствени причини.

Во 2020 година на предлог на тогашниот митрополитот Кумановско-осоговски Јосиф е избран за епископ Сарандопорски, а на истата седница на Синодот на МПЦ-ОА е назначен за надлежен епархиски архијереј на Кумановско-осоговската епархија.

На 26 јули 2020 година во соборниот храм „Свети Никола Чудотворец“, во Куманово, од страна на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, е востоличен за митрополит на Кумановско-осоговската епархија.

/360 Степени  

1 COMMENT

  1. Tolku se razbira ovoj vladika i od teologija i od politika. Crkvata ne smee da bide štaka ni na edna politička partija, pa ni na VMRO.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Романскиот Патријарх: Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I претставува силно сведоштво за единството на Православието

Во говор по повод осветувањето на надворешната фасада и мозаиците на Катедралата Народно Спасение во Букурешт, Даниел, Патријархот...

Орбан на средба со Папата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на денешта приватна аудиенција во Ватикан побара од папата Лав Четиринаесетти да ги поддржи...

Скандинавските цркви во поддршка на Украина и правата на децата

Северноевропските црковни водачи упатија силен апел за враќање на украинските деца насилно однесени во Русија и одобрија финансиска...

Д-р Трајановски со план за Аеродром: чиста, безбедна и достоинствена општина

Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ, ја претстави својата програма како план за „современа...