Владика од Романската црква служеше во Бигорски

Date:

Share post:

Дамаскин Дорниски, викарен Епископ на Архиепископијата на Сучава и Радауци, од православна Црква на Романија бил во посета на Бигорскиот манастир. За време на неколкудневната посета на МПЦ-ОА, романскиот владика служел со Епископ Антаниски Партениј во Бигорски, а меѓу свештенослужителите бил и свештеник на СПЦ. Тој занедно со десетици верници од Србија бил на поклониќко патување во Бигорски.

-Посакувајќи му од името на сите нас срдечно добредојде и пријатен престој во Обителта, Старецот, помеѓу другото, кажа дека иако за прв пат се среќава и го запознава својот гостин во живо, токму поради заедничката љубов кон Христа и кон монаштвото, како и поради мистичното единство во Божествената Евхаристија, го чувствува за мошне познат и близок, како вистински брат во Господа. Епископот г. Дамаскин, од своја страна благодарствено возврати дека тоа чувство на духовно познанство и единство во Христа е обострано, дотолку повеќе што тој и неговиот архиѓакон редовно ги следеле видео-содржините од нашата Обител и особено биле воодушевени од документарниот филм „1000 години – Сведок на Светлината“. Всушност, откако го изгледале ова јубилејно филмско остварување, тие конечно се решиле да дојдат и да ја посетат бигорската скинија на Чесниот Претеча. Владиката од Романија ја истакна и својата нескриена радост што со одлуката на Вселенската Патријаршија од месец мај минатата година, нашата Црква се наоѓа во литургиско и канонско единство со сите останати помесни православни Цркви, велат од Бигорски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Романскиот Патријарх: Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I претставува силно сведоштво за единството на Православието

Во говор по повод осветувањето на надворешната фасада и мозаиците на Катедралата Народно Спасение во Букурешт, Даниел, Патријархот...

Орбан на средба со Папата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на денешта приватна аудиенција во Ватикан побара од папата Лав Четиринаесетти да ги поддржи...

Скандинавските цркви во поддршка на Украина и правата на децата

Северноевропските црковни водачи упатија силен апел за враќање на украинските деца насилно однесени во Русија и одобрија финансиска...

Д-р Трајановски со план за Аеродром: чиста, безбедна и достоинствена општина

Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ, ја претстави својата програма како план за „современа...