Витаминка и Алкалоид добија ХАЛАЛ сертификат

Date:

Share post:

„Витаминка“,  и „Алкалоид“ се меѓу шесте  нови компании, заедно со „Анета компани“, „6 браќа“, „ХИТ 73“,и „Виапром“, кои во текот на првиот квартал од 2016 година воведоа ХАЛАЛ стандард. Во вторник, на свечена церемонија им беа доделени сертификатите од страна на Агенцијата за ХАЛАЛ стандард во Македонија, која работи во рамки на Исламската верска заедница (ИВЗ).

halal 8Сертификатите ги додели Реисот Хаџи Сулејман еф Реџепи.

Министерот за економија Дритон Кучи, на средбата по повод доделувањето на сертификатите, ги поканил компаниите да аплицираат за мерката воведување на ХАЛАЛ-систем, која е дел од Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2016 година на Министерството за економија и за која годинава се обезбедени речиси два милиона денари.

halal 7-Препознавајќи го значењето од воведување на стандардите за квалитет за деловните субјекти, а со цел да обезбеди континуирана поддршка на економијата и компаниите, Министерството за економија веќе четврта година по ред ја реализира мерката – финансиска поддршка за ХАЛАЛ систем, со која покриваме 70 отсто од  направените трошоци. До сега се субвенционирани 19 компании, а годинешниот јавен повик трае до крајот на месец мај“, истакнал Кучи.

Воведувањето на овој стандард покрај тоа што ја подобрува конкурентноста на претпријатијата и го олеснува настапот на нови пазари, туку и ги приближува производите до синонимот “здрава храна“ т.е. храна со минимално количество на адитиви, за кои расте интересот на потрошувачите независно на верската припадност, дава дополнителна вредност на производите и услугите, го зголемува нивото на свесност за безбедност на храната и го зголемува нивото на интеркултурните комуникации помеѓу земјите и прифаќањето на различностите во светот.

halal 4-Да не заборавиме дека светскиот ХАЛАЛ пазар се проценува на 650 милијарди долари, а европскиот на околу 66 милијарди долари годишно, што значи дека ХАЛАЛ пазарот е најбрзо растечки пазар“, рече Кучи.

Претседателот на Агенцијата за ХАЛАЛ стандард Мухамер Весели информираше дека од 2009 година до денес ХАЛАЛ стандард имаат воведено 27 компании, главно од прехрамбената индустрија, фарми и кланици, а со оглед на вниманието што во последниве неколку години го привлекува ХАЛАЛ туризмот, кој годишно забележува пораст од дури 20 отсто, ги повика и туристичките работници своите перспективи да ги гледаат во воведување на овој стандард.

-Овие шест компании воведоа ХАЛАЛ стандард во првиот квартал од оваа година, а во периодот на вториот квартал очекуваме бројот да се зголеми на 14 компании, што значи дека уште осум компании се во фаза на имплементирање на стандардот“, истакна Весели.
На церемонијата учествуваше и претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Неби Хоџа.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...