Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, утрово ја продолжи акцијата за чистење на главниот град, заедно со идни градски советници и претставници од повеќе општини.

-Од рано утринава, заедно со моите идни колеги од Центар и Карпош, а со поддршка од општините Штип, Велес, Кавадарци и Куманово – сме на најкритичните локации каде што има депонии. Искрено им благодарам за помошта, изјави Ѓорѓиевски.
Тој најави дека акцијата ќе продолжи и во следните денови, вклучително понеделник, среда и петок, со цел темелно чистење на повеќе делови од Скопје.
-Нема да дозволиме скопјани да бидат жртви на неажурноста на јавните претпријатија. За неколку дена од сега си ја преземаме работата во свои раце, порача Ѓорѓиевски, додавајќи дека најдоброто за градот „допрва доаѓа“.
Со оваа иницијатива, Ѓорѓиевски ја продолжува својата кампања насочена кон подобрување на урбаната хигиена и мобилизација на сите ресурси за поубаво и почисто Скопје.

